Коалициите предводени од СДСМ и ДУИ се изедначија по бројот на добиени мандати во новото Собрание

Коалициите предводени од СДСМ и ДУИ се изедначија по бројот на добиени мандати во новото Собрание, откако на вчерашното прегласување во седум избирачки места ДУИ изгуби еден пратеник во шестата изборна единица која го доби коалицијата Вреди.

Сега во новото Собрание, коалициите на ДУИ и СДСМ ќе имаат по 18 пратеници, Вреди 14, Левица 6, ЗНАМ 6 а победникот на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ 58 пратеници.

По прегласувањето, со што Европски фронт остана без еден пратеник, СДСМ е втора политичка сила во земјава.

Коалицијата на СДСМ има 154.444 вкупно освоени гласови на парламентарните избори, додека коалицијата на ДУИ има вкупно 137.690 гласови.

Според законите, на втората политичка сила им припаѓаат некои државни функции како што се претседател на ДИК, МРТВ, АВМУ…

Back to top button
Close