(ВИДЕО) Сообраќајка во Грција, четворица мртви, тројца повредени
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.