Прва тужба против  ЕК пред Евеопскиот суд за правда – Македонски клуб од Благоевград бара ЕК да ја принуди Бугарија да го регистрира

Со тужбата се бара од Судот на правдата на Бугарија да и ги прекине сите исплати на финансии што доаѓаат од Кохезивниот фонд во висина од 1.467 милијарди евра, се додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, чија регистрација беше одбиена само зошто е македонска организација.

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската комисија пред Судот на правдата во Луксембург, за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување.

Тужбата е поттикната и организирана од НовАсном, Македонското меѓународно движење за човекови права, Светскиот македонски лонгрес – Канада и поединци од цел свет.

Со тужбата се бара од Судот на правдата на Бугарија да и ги прекине сите исплати на финансии што доаѓаат од Кохезивниот фонд во висина од 1.467 милијарди евра, се додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, чија регистрација беше одбиена само зошто е македонска организација.

Во 2022, овие организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската комисија за непочитувањето на европското право, сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската комисија се прогласи за ненадлежна за овој случај, сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во членките на ЕУ како Бугарија.

„Оваа одлука е неприфатлива – затоа, Македонскиот клуб за етничка толеранција цени дека Европската комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаменталните права на ЕУ“, се наведува во соопштението од Клубот.Ова е прв правен процес внатре во Европската Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот на правдата за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија

Back to top button
Close