ДРВО СО ПАРИ

Слушам, СДСМ ќе ги зголемува платите. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголемува пензиите. Ене ги уште лицитираат со бројки. И бруто домашниот производ ќе расте. И тоа многу ќе расте. Дај нека кажат на кое дрво растат парите, па и ние да одиме да набереме. Да не знаеш со кого си имаш работа, ќе си речеш овие заслужиле со двете раце да ги гласаш. Ама, ги знаеме. Сите ликови што ги гледаме како ветуваат на митинзите немаат некоја историја на домаќинско трошење на парите на даночните обврзници. А многумина од нив не знаат ни што значи да ги заработиш. Башка, и да ветат дека помалку ќе крадат, сетики некој ќе мора да го заработи и нивниот дел.

Прашањето: Од каде пари?, е сосем нормално во светот на возрасните. Особено во држава во која што партиите негуваат клиентелизам и на избори гледаат да им удоволат на своите гласачи што ги напикале во државна администрација. Никој не знае ни колкумина се – кој привремено, кој стално, кој за плата, кој за хонорар, кој и без договор само грее столче за секој случај, да не дојде друга партија на власт, па друг да му го земе столчето, со измислени позиции „помошник на референтот за реферирање“… Па уште и со Синдикатите шуруваат, со сите што се на државна плата. Ним да им ги покачат платите за да ги гласаат, а ние што треба да ги заработиме и нашите и нивните плати треба да бидеме среќни ако не ни го згрешат името во изводот на родени.

Кој ќе им го направи растот на бруто домашниот производ што го ветуваат? Администрацијата ли? Со грешките што ги прави и никому ништо не му фали? Или со неодењето на работа?

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close