СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од владата на Мицкоски: Дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Поминат е цел еден месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и посебно го спомена Груевски.
Од тогаш – тишина.
Министерството за правда вели „документите се комплетираат“.
Месец дена документи „патуваат“, а сега се „комплетира документација“.
Дали оваа влада сака да ги апси криминалците кои се на потерница и осудени во Македонија или не сака?
Дали правдата важи за сите или е селективна, како и секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт?
Мицкоски и неговата криминална организација продолжуваат со заштита на Груевски, давајќи му време за бегство.
Граѓаните јасно гледаат: кога станува збор за нивните криминални соработници – тишина и заштита.
Кога треба да ѝ се заканува на опозицијата, затоа што СДСМ секојдневно ги открива нивните криминални шеми, тогаш секој ден зборуваат дека „имаат чувство“, му наредуваат на обвинителот преку собраниската говорница и преку медиумите што да прави.
Така изгледа правната држава под Мицкоски и криминалната група ВМРО.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!






