Багеи: Иран го разгледува предлогот на САД и своите ставови ќе му ги пренесе на медијаторот, Пакистан


Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес за ISNA изјави дека Иран го разгледува предлогот на САД за прекин на војната што трае повеќе од два месеци и дека ќе ги пренесе своите ставови на медијаторот, Пакистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска изјави дека Вашингтон ќе започне со бомбардирање на Иран на значително повисоко ниво и интензитет отколку пред прекинот на огнот доколку Техеран не се согласи со договорот.

„Под претпоставка дека Иран ќе се согласи да го исполни она што беше договорено, што е можеби голема претпоставка, веќе легендарниот „Епски бес“ би завршил, а многу ефикасна блокада би овозможила Ормуската Теснина да биде отворена за сите, вклучително и за Иран“, напиша тој на мрежата Truth Social.

Трамп истакна дека ако Иран не се согласи, бомбардирањето ќе започне и дека, за жал, тоа ќе биде на многу повисоко ниво и поинтензивно отколку порано.

Како што објави претходно денеска „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со преговорите, САД и Иран се приближуваат кон постигнување прелиминарен меморандум за разбирање што би можел да означи крај на сегашниот конфликт и да го отвори патот за подетални преговори за нуклеарната програма на Иран.

Според тие изјави, Вашингтон очекува одговор од Техеран за клучните точки од договорот во следните 48 часа, и иако сè уште не е постигнат договор, изворите проценуваат дека двете страни се најблиску до договор од почетокот на конфликтот.с

Back to top button
Close