Со месеци на Клиниката за ревматологија нема реагенси, што на приватно чинат и по 300 евра
Со месеци на скопската Клиника за ревматологија нема реагенси за дијагностика на автоимуни заболувања, реагирале пациенти во редакцијата на „Фокус“, кои отишле да направат лабораториски испитувања.

Порталот располага со документи, каде што може да се забележи дека од 20 наведени ревматолошки и имунолошки анализи резултати се добиени само за три , што значи дека останатите 17 ги нема.
„Во 2026 година, во Македонија пациенти со автоиумини заболувања не можат да добијат ниту основна ревматолошка лабораториска дијагностика поради недостиг на реагенси. Од вкупно 20 наведени ревматолошки и имунолошки анализи, резултати се добиени само а три, додека останатите 7 се без резултати.
Недостасуваат испитувања значајни за дијагностика и процена на ревматоиден артритис, системски лупус, Сјогренов синдром, системска склероза, воспалителни миоптии, системски васкулитиси, мешана болест на сврзното ткиво и антифосфолипиден синдром“, објаснува пациент, кој сакаше да остане анонимен.
Тој уште прашува како може да се очекува навремена дијагноза и соодветно лекување на овие сериозни заболувања кога здравствениот систем не може да обезбеди ни основни лабораториски испитувања?
Овие анализи приватно чинат околу 300 евра во приватните лаборатории. Ова не е само технички проблем, туку сериозен показател за недостатоците во достапноста и квалитетот на здравствената заштита“, тврди пациентот.
Податоците на Биро за јавни набавки пак покажуваат, дека последен тендер за набавка на реагенси на Ревматолошката клиника е во март, кога се склучени договори со три компании за набавка на тестови, реагенси и потрошен материјал за имунолошката лабораторија. Во тој период се склучени три договори со три различни фирми.
…
Повеќе





