„Атлантик“: Отстранет од позицијата Главниот воен стратег во американската војска, Брет Силвија

Главниот воен стратег на американската војска, Брет Солвија, е отстранет од функцијата, пишува Атлантик, цитиран од француските медиуми.

Изненадувачкиот потег доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека се подготвува за обновување на големите напади врз Иран.

Генералот Силвија, кој ја држеше функцијата Главен воен стратег, неделава е отстранет од својата позиција, пишува изданието, повикувајќи се на информирани извори во Министерството за одбрана на САД.

Откако Трамп го почна својот втор претседателски мандат, на почетокот на 2025 година, неколку високи воени лица поднесоа оставки од своите функции.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, минатиот месец објави дека САД го намалиле бројот на генерали и адмирали во вооружените сили за 20 проценти. Тој објасни дека отстранувањето на високи офицери влијаело на оние кои не се придружиле на напорите на Пентагон за пренасочување на вооружените сили од таканаречените „Вокитски политики“ на претходните администрации кон стратегии за водење војна.

Брет Силвија претходно командуваше со 101-та воздушно-десантна дивизија, а исто така командуваше и со единица во Ирак.

Back to top button
Close