(ВИДЕО) Кузеска: Медиуми во Македонија со истиот систем на Вучиќ, истите методи, истиот газда
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор
Медиуми во Македонија со истиот систем на Вучиќ, истите методи, истиот газда

Почитувани претставници на медиумите, македонска јавност,
Граѓаните гледаат што се случува во Србија со режимските телевизии „Информер” и „Пинк”. За среќа, сè заврши без посериозни последици.
Студентската листа се огради од упадот и повика на смирување и институционална разврска. Но пораката беше јасна: народот повеќе не ја прифаќа лажната реалност што му ја сервираа со години.
Години наназад, преку лажни вести, навреди, клевети и непрекината пропаганда, Драган Вучиќевиќ и Жељко Митровиќ го хранеа гневот на граѓаните.
Вучиќевиќ, како главен пропагандист на Вучиќ, го викаше народот „усташи”, „терористи”, а студентската листа ја нарекуваше „силувачко-секташка листа”.
Митровиќ го држеше Пинк како лична телевизија на режимот.
Истиот рецепт го гледаме во Македонија.
Латас и Ивона Талевска се пандан на тоа дуо.
Латас – човек со години во служба на српската државна безбедност, БИА и Вучиќ – „началник” на Мицкоски за пропаганда. Тој управува со сите Орбан-Вучиќ медиуми во Македонија.
Ивона Талевска, уредничка на Алфа ТВ и на Еуроњуз со лиценца од Вучиќ.
Двајцата се чести гости во кабинетот на Александар Вучиќ во Белград, каде со години ги запишуваа барањата на режимот.
Двајцата користат ист метод: Гебелс – колку погласно и појако, толку повеќе ќе стане вистина.
Латас и Мицкоски го викаат народот „талог”, „мочуриште”, „медиокритети”, „глодари”. Истата матрица, истата навреда, истата цел: да го омаловажат секој што не се согласува со криминалот и корупцијата
Доаѓањето на „Ало група” (во рамките на групацијата во која се наоѓа и „Информер”) во Македонија донесе и нов пристап. Емисии копирани директно од Информер. Една од нив е „Колегиум” – токму емисијата што ја води Вучиќевиќ и во која влегоа демонстрантите додека програмата траеше во живо.
Денес истата емисија се емитува на ТВ Алфа.
ТВ Алфа прво беше во сопственост на Веселин Јевросимовиќ, сопственик на „Comtrade” од Белград, близок на Вучиќ. Пред неколку години доби ново сопствеништво – Орбанов човек за медиуми кој, заедно со својата колешка од унгарската национална телевизија, денес држи 40 отсто од медиумскиот пазар во Македонија.
Зад финансирањето на Алфа ТВ од денот на преземањето стои Алта банка.
Како што објавивме, промената на визуелниот идентитет на телевизијата и на банката се случи во исто време.
Алта банка, која Европската централна банка ја запре, која има забрана во Црна Гора, која е под истрага за сомнително потекло на капитал и која врши трансфери за Москва, стои зад овој медиумски систем кај нас.
Сопственикот Давор Мацура е близок до СНС и до Вучиќ, а за банката се смета дека е поврзана со семејството Вучиќ.
Предложени се санкции за него во американскиот Конгрес.
На националната телевизија на Србија, РТС, на почетокот на вториот дневник, беше емитувано извинување до граѓаните за невистинито и неадекватно известување што траеше со години.
Истото го видовме и на националната телевизија на Унгарија по падот на Орбановиот режим.
Кога паѓа режимот, прво паѓа лажната слика што ја создавале медиумите.
Граѓаните на Македонија живеат со истото со години.
Сеење омраза, меѓунационални поделби и лажни вести. Пропаганда на владејачката ВМРО-ОКГ. Контрола на медиумскиот простор преку Орбан-Вучиќ медиуми, бот фарми, трол централи и лажни експерти.
На овие медиуми секојдневно гостуваат и членови на платформата „ЗНАМ 2.0″, кoи по моделот на Вучиќ, имаат желба да го поделат СДСМ.Целта е да се распарчат гласовите на опозицијата преку сателитски партии, како што се ЗНАМ и руската партија Левица.
Истите тие се иницијатори на рушење на СДСМ, со барања за поставување платени и уценети поранешни членови на раководството на СДСМ, одговорни за најлошиот изборен резултат во историјата на постоењето на нашата партија.
Сè со една цел: да се одржи на власт организирана криминална група што државата ја третира како плен.
Пред некој ден, на партиската настан на СНС, организирана во знак на поддршка и одбрана на партиското гласило „Информер”, присуствуваше и висок функционер на СНС – Душан Адамовиќ,
Човек со сериозни криминални дела од минатото, почесен конзул на Македонија и деловен партнер на Христијан Мицкоски.
Станува збор за истиот човек кој го спроведувал тендерот за броила преку групацијата „Руднап”, сопственик Војин Лазаревиќ и неговата дваесетгодишна вработена, денес министерката Сања Божиновска.
Во Македонија имаме примери на еден познат портал кој доживеа напад во студио од страна на член на ВМРО, а кој преку ноќ ја промени својата неутралност, па дури и проопозициското дејствување.
Изгледа дека доби на Лотарија. До вчера молбите за донации во емисија, веќе не се актуелни.
Денес веќе се гледа и луксузен начин на живот. Ставовите и пропагандата на ВМРО станаа секојдневни.
Македонските новинари мора да бидат свесни за овие случувања. Со својот интегритет, чест и образ не смеат да учествуваат во пропагандата на организирана криминална група.
Не смеат да бидат дел од системот што го вика народот „талог”, што ја крие вистината затендери, за дрога, за криминал и корупција и што ја брани бандата наместо да ја именува.
Демократијата се враќа на Балканот со падот на шефот на балканскиот картел. Падна Орбан.
Падна Вучиќ. Следен е Мицкоски. Македонија наскоро ќе биде ослободена од канџите на оваа организација и повторно ќе биде слободна. Медиумите ќе бидат слободни. Народот ќе ја слушне вистината. И правдата ќе биде задоволена.






