11-годишното момче со возило на итната помош и со ургенции на Филипче се префрла на Детска Клиника во Скопје

Со возило на итната медицинска помош, од Охрид за Скопје во моментов се префрла единаесетгодишното момче со церебрална парализа, кое институциите на системот го игнорирале со денови откако двајцата родители го напуштиле и го оставиле во рацете на познаник кој ниту знаел каква терапија прима, ниту како да се грижи за пациент со ваква тешка дијагноза.

На детската клиника во Скопје, медицинска екипа во моментов подготвува соба во одделот за изолација, каде ќе биде сместено младото момче, кое со денови не се хранело со ништо друго освен со една чаша млеко.
Министерот за здравство Венко Филипче, по објавата на сторијата на „Слободен печат“ лично се заинтересира и испрати екипа на брза помош да го земе момчето со претходна согласност од оние што го чуваат, за да му бидат извршени сите медицински прегледи кои му се неопходни на Клиниката за детски болести во Скопје.

Повеќе тука.

Back to top button
Close