113 училишта бараат да одржуваат настава со физичко присуство

Вкупно 113 училишта доставиле барање за одржување настава со физичко присуство до новоформираната владина комисија составена од претставници од образование и од здравство. 79 барања стигнале од основните, а 34 се поднесени од средните училишта, објави „360 Степени“.
Рокот за поднесување на барањата беше 10 септември, но од Министерството за образование велат дека сѐ уште пристигаат документите испратени по пошта.
Конечната одлука колку од училиштата ги исполнуваат условите за физички да ги примат учениците од четврто одделение па нагоре ќе ги донесе комисијата, во зависност од просторните и техничките можности на објектите, но и врз основа на епидемиолошката состојба со ковид-19 во општината во која се наоѓа училиштето.






