15-годишно момче од Куманово загина во страотна сообраќајна несреќа

15-годишно момче од Куманово вчеравечер загина во страотна сообраќајна несреќа што се случила на магистралата Куманово – Крива Паланка.

Возачот на моторот на кој се возеле, завршил со тешки телесни повреди.

До несреќата дошло откако возило марка БМВ удрило во нив во населбата Карпош.

– На 03.10.2024 околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово

Back to top button
Close