18-годишна кумановка полово нападната додека одела по улица

Пред четири дена, среде ноќ, млада девојка била полово нападната на улица од 30-годишен маж кој избегал со мотоцикл. Подоцна полицијата го уапсила.

– На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл, информираа од полицијата.

Tој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close