18-годишник со мотоцикл прегази пензионерка во Свети Николе

18-годишник прегазил 69-годишна жена во Свети Николе. Не поседувал дозвола за управување со мопедот.
– На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од МВР.
Н.Д. е лишен од слобода, затоа што при извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе било констатирано дека Н.Д. го управувал мопедот, без да поседува возачка дозвола.
Тој е задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






