19 години од загинувањето на Борис Трајковски

Со положување на цвеќе од страна на државниот врв и од Собраниската делегација, денеска ќе се одбележи деветнаесет-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Во Бутел во Скопје на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, како и делегација на кабинетот на Претседателот на Северна Македонија предводена од претседателот Стево Пендаровски.

Во Струмица на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе делегација од Владата на Северна Македонија предводена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Бирото за јавни набавки Борче Хаџиев.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Северна Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Северна Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Северна Македонија

Back to top button
Close