2000 пати повикала Итна помош од 17 различни броеви, заврши 22 недели во затвор

Користејќи 17 различни мобилни броеви, 56-годишна жена од Хароу, северен Лондон, го повикала бројот за итни случаи 999 во текот на 2021 и 2023 година, пишува Скај њуз.

Ваквото однесување, според податоците на полицијата во Лондон, го смести на петтото место на „најлоши повикувачи на службите“ во наведениот временски период.

Соња Никсон само во 2023 година повикала 1.194 пати на итниот број и така станала една од трите лица кои таа година најчесто се јавувале во полиција.

Никсон била уапсена во јануари за 668 прекршувања на Законот за комуникации и е обвинета за 670 кривични дела.

Полицијата проценила дека нејзиното упорно прекршување ја чинело службата околу 4.500 фунти во период од пет месеци. Соња на крајот доби затворска казна од 22 недели

Back to top button
Close