24инфо: Драма во ТВ Алфа, Груевски барал вклучување во живо?!

24инфо.мк пoвикувајќи се  на извори блиски на телевизија Алфа пренесува дека во текот на вчерашниот ден имало драматични тензии во медиумот предизвикани од барањето на поранешниот премиер и пребеган осуден граѓанин на Северна Македонија, Никола Груевски.

Изворот информира дека наводно идејата и барањето биле Груевски да се вклучи во живо во емисијата на Богдан Илиевски, осудениот, па амнестиран учесник и организатор во крвавите случувања во македонскиот парламент на 27 април 2017 година.

-Според информациите што ги добивме, внатре во редакцијата и менаџментот на телевизијата настанала вистинска тревога околу барањето на Груевски, при што конфликтот и раздорот на релација Груевски – Мицкоски се рефлектирал и внатре меѓу структурите на телевизијата – пишува порталот.

Поврзано https://libertas.mk/tv-alfa-demantira-deka-gruevski-baral-vkluchuva-e-vo-zhivo/

 

Back to top button
Close