29 години од геноцидот во Сребреница

Денеска се навршија 29 години од Геноцидот во Сребреница кој бил извршен во периодот од 11. до 23. јули 1995. година во текот на Граѓанската војна во БиХ од страна на војската на босанските срби, и се состоел од убиство на над 8.000 босански муслимани, претежно мажи, во и околу Сребреница, БиХ.

Покрај војската на босанските срби, предводена од генерал Ратко Младиќ, во масакрот учествувале и паравоени единици од Србија познати како шкорпии, кои работеле под контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија до 1991.

Повеќето убиени биле мажи на возраст од 18-60 години, но помеѓу жртвите имало и деца под 15 години, старци и жени, па дури и бебиња.

Геноцидот во Сребреница е најголемо масовно убиство во Европа по Втората светска војна.

Во 2004. година, Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МСПЈ) едногласно пресудил дека масакрот во Сребреница бил геноцид.

Прелиминарниот список на исчезнати или загинати во Сребреница составен од федералната комисија на БиХ содржел 8.372 имиња, од кои околку 500 биле под 18 години, и вклучувал неколку десетици жени и девојки.

До јули 2009, 6.186 жртви биле идентификувани преку ДНК анализа, а 3.125 се погребани во меморијалниот центар. До 1 мај 2009. се откриени 6.006 тела.

Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) на 23 мај, ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Резолуцијата, чии предлагачи беа Германија и Руанда, го осудува негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници.

Северна Македонија е меѓу 17 држави кои ја коспонзорираа резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година

Back to top button
Close