360° „Американската анкета“ со печат на Орбан

Наспроти насловите „Американците тврдат – Заев и СДСМ убедливо ги губат изборите…“ се информациите дека зад анкетата што ја објави американскиот истражувач на јавното мислење Џон Меклафлин, всушност, стои компанијата Danube Bussines Consulting во сопственост на Арпад Хабони, главниот „спин-доктор“ на Виктор Орбан, пишува „360 Степени“.

Со оглед на тоа што целата анкета не може да се најде на ниедна официјална интернет-страница, остана нејасно каква методологија и на каков примерок е примената за истражувањето што, пак, е податок кој според Изборниот законик задолжително се наведува при објавување анкети во предизборие

На 5 јули 2020 година на некои интернет-портали беа објавени вести за истражување на јавното мислење во пресрет на парламентарните избори закажани за 15 јули.

Резултатите од анкетата беа првично објавени на твитер-профилот на Џон Меклафлин, во три последователни твита: резултати за ИЕ 1резултати за ИЕ 2, ИЕ 3 и ИЕ 4 и резултати за ИЕ 5 и ИЕ 6.

Од слајдовите кои беа презентирани на еден од интернет-порталите може да се види дека истражувања на јавното мислење се правени и во 2019 година, па оттаму не е јасно зошто не се мерени и перцепциите за Беса.

Во македонскиот информациски простор оваа анкета беше претставена и преку следниве наслови:

АНКЕТА НА ПРЕСТИЖНАТА MCLAUGHLIN & ASSOCIATES: ВМРО-ДПМНЕ УБЕДЛИВО ВОДИ ВО ПЕТ ОД ШЕСТЕ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

АНКЕТА НА АМЕРИКАНСКА АГЕНЦИЈА: Заев и СДСМ губат од ВМРО-ДПМНЕ и во Муртино

АНКЕТА: Американците тврдат – ЗАЕВ И СДСМ УБЕДЛИВО ГИ ГУБАТ ИЗБОРИТЕ, бројки за секој кандидат

Од насловите може да се види обид да се имплицира дека „Американците ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ“. Не е првпат да се промовира овој наратив. Слични обиди се забележани и во минатото, како во примерите подолу:

Иако во насловите и во текстовите на повеќето интернет-портали доминираше тезата дека зад анкетата стои „американската престижна агенција која работи за Трамп“, неколку интернет-портали објавија дека McLaughlin and Associates не е единствената агенција што работела на ова истражување. Имено, „Вечер“ и „Опсервер“ напишаа дека оваа анкета е спроведена од DBC Danube Bussines Consulting (Mc Laughlin), компанија во унгарска сопственост.

За разлика од нив, порталите кои се во унгарска сопственост, а објавија за анкетата, никаде не ја споменаа унгарската фирма. Дополнително, не ја објавија целата анкета, туку само одредени делови. За волја на вистината, целото истражување не може да се најде на ниту една официјална интернет-страница.

А, начинот на објавување на истражувањата на јавното мислење во текот на изборниот процес е регулирано со член 77 од Изборниот законик.

Целиот текст на „360 Степени“ на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close