360: Тодор Петров, Ристовски од ИНТЕГРА, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на собирот на МПЦ-ОА, Мицкоски би одел ама имал тв настап.


Пратеници и градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, Љупчо Ристовски – лидер на конзервативната политичка партија ИНТЕГРА, универзитетскиот професор во пензија и епидемиолог Драган Даниловски, се дел од јавните личности кои попладнево се појавија на протестниот собир на МПЦ-ОА во Соборниот храм во Скопје.

Најавениот собир започна во 18 часот со изведба на молитвата „Оче наш“, а на бината, освен поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан и членовите на Синодот, присутни беа бискупот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов и академик Катица Ќулавкова.

Собирот беше масовен, а присутните носеа знамиња со ѕвездата од Кутлеш, икони, крстови и транспаренти.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Канал 5 изјави дека тоа што партиски членови и пратеници се присутни на настанот во Соборниот храм говори за ставот на партијата, но и за неговиот личен став.

„Таму ќе видите многу луѓе кои се препознатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Она што можев да го видам е дека голем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се таму, голем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се таму и тоа говори за ставот на ВМРО-ДПМНЕ и за мојот личен став. Да не бев на ова денешно интервју, и јас ќе бев таму со моето семејство“,

рече Мицкоски за протестниот собир.

Мицкоски вечерва гостува на ТВ Канал 5
Во однос на двата предлог-закона, тој посочи дека неговата партија нема да ги поддржи во Собранието.

„Јас секогаш сум човек застапник за родова еднаквост, не треба да се врши дискриминација за маж и жена, но ова е сосема друго“,рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close