Излог падна врз две деца во Битола – завршија во болница

Фото: ТВ Тера

Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола. Избегната е голема трагедија во населбата Ремо, каде дрво падна врз автомобил во движење, а повреди здобија две девојчиња кога минуваа покрај Подрачното одделение за матично работење од Управата за водење матични книги, каде што попушти стаклото од излогот, пренесе ТВ Тера.

Според информациите, тие се пренесени во Ургентното одделение на Клиничката болница во Битола.

Пожарникари интервенирале и во селото Лавци поради дојава за силен пожар, за кој исто така се претпоставува дека е поврзан со невремето.

Јужниот ветер во Битола достигна брзина до 54 километри на час, а во Пелагонија се измерени уште посилни налети

Back to top button
Close