Пациент претепал лекар во Тетовската болница

 

 

viber sharing button

Вчера во 17.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б.(28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничка болница Тетово физички го нападнал лекарот Н.А.(47) од с.Џепчиште, тетовско.

Како што соопшти СВР Тетово, Б.Б. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

 
 

Back to top button
Close