Панова: СДС и ДУИ секој ден се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за лично политички цели
Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ 1.Панова потенцираше дека за разлика во минатото, сега МВР има поднесено четири кривични пријави.
„За прв пат имаме четири кривични пријави поднесени од МВР, а во минатото за трагедиите бевме научени дека МВР не постапува и не поднесува кривични пријави. Во моментов институциите се обидуваат да се справат со сето она што се случи и треба да дадеме шанса барем до истекот на рокот на предистражна и истражна постапка барем да поминат овие 90 дена па потоа да навлегуваме во детали, затоа што секој детал што ќе го злоупотребиме во нашата дискусија може да ја наруши истрагата“, вели Панова.
Панова истакна дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата за лично политички цели.
„Ако некој се обидува да ја злоупотреби оваа трагедија за лично политички цели тоа е ДУИ меѓутоа во одреден момент и СДСМ имајќи во предвид тоа што уште првиот ден излегоа да кажат забелешки на самата истрага. Гледаме како ДУИ 30 дена досега се обидува да ја оцрни цела процедура која ја имаат институциите и за да биде онака лицемерието на виделина најпрвин мора да се нагласи дека тие се последни да кажуваат за некакви политички притисоци, за некакви политички прогони, за тоа како институциите не ја работеле својата работа и да зборуваат за обвинителот коишто тие го гласале“, заклучи Панова.