360° ЕК утре го објавува извештајот за Северна Македонија, Оливер Вархеји в среда во Скопје

Европската комисија утре попладне ќе го објави годишниот извештај за Северна Македонија. Во документот, кој претходно ќе се разгледува на ниво на Колеџ на комесари (неделна седница на Европската комисија), се содржани оценките на Брисел за постигнувањата на земјава во спроведувањето на реформите во изминатата година.
Веќе наредниот ден – среда, еврокомесарот за проширување доаѓа во земјава. Според информациите на „360 степени“, станува збор за неколкучасовен престој на Оливер Вархеји во Скопје.
Повеќе тука.






