Македонија со 2 – 1 го совлада Косово, и е на чекор до Европското првенство
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски заслужено стигнаа до триумфот, поведовме со автоголот на Кололи во 16. минута, а гостите израмнија тринаесет минути подоцна по недоразбирањето на Велковски и голманот Димитриевски.
Сепак, токму Велковски ни ја врати предноста во 33. минута, а тој резултат остана и до крајот, па Македонија се избори за место во финалето на својата група во Лигата на нации.
Противник ќе ни биде селекцијата на Грузија.







