Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, пренесе а1.он.

На фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот.

Грантови кои фризерницата „В.Е.З. Трејд“ ги добила од Нациналната агенција преку програмата „Еразмус+“
Во други земји, вакви грантови за едукација добиваат школи, универзитети, здруженија и државни институции, но не и фирми регистрирани со дејност „фризерски салони“. Сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, кај вработени во Нациоаналната агенција е познат по тоа што држел обуки кои биле организирани од оваа институција.

повеќе

Back to top button
Close