„11 Октомври“ – Денот на народното востание на македонскиот народ
Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Под слоганот „Честит 11 Октомври! Секогаш слободни!“ денеска во државата со повеќе свечености ќе биде одбележан на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.Свеченостите се во организација на Владата на Република Северна Македонија, а ќе се одржат во посебни услови согласнопр отоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи – обезбедена дистанца и заштита.






