Од 151 починати, 76 отсто имале и друга болест освен коронавирус

Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува дека од регистрираните 151 смртен случај од ковид-19, кај 115 или 76,2 отсто имале и други болести.

Коронавирусот најсмртоносен е за повозрасните пациенти.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 102 смртни случаи кај лица од машки и 49 кај лица од женски пол“, се наведува во извештајот.

Деветмина од забоените починале дома, а останатите во болница.

Back to top button
Close