СДК:Приведен кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски, обвинителството отвори истрага за плацевите на Водно, вмешани и Мијалков, Камчев и мајка му

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Осомничен е со група за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно. Како што дознава СДК, Новачевски секој момент од полицијата од секторот за организиран криминал во МВР треба да биде однесен пред судија на претходна постапка, за него обвинител ќе бара мерки на претпазливост, како и заплена на нелегално стекнатиот имот.

 

Обвинителството покрај Груевски и кумот Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.  Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално дознаваме дека плацевите гласеле на нивни фирми.

 

Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.

Обвинителството најави соопштение

Back to top button
Close