Зекири за тв 24: не е време за хирови и политичко профитирање

Мухамед Зекири пратеник и потпретседател на СДСМ во емисијата 24 анализа посочи дека ситуацијата е сериозна и несфатливо е тактизирањето на опозицијата и се случувало опозицијата неколку пати да го менува ставот. Зекири со опозицијата се договориле да се даде дополнително време да се разгледа законот пред да се донесе.
„Дента кога беше седницата, голем дел од пратениците учествуваа на јавна расправа во друга комисија и не беа во Собранието. Пратениците на опозицијата беа во салата и тогаш се договоривме дека е потребно време и може да се остави простор да се види закнот и после да се донесе итно. Законот не се носи за ВМРО-ДПМНЕ, туку за граѓаните. Не е време за политички хирови, ниту за профитирање преку ситни политички поени, крајно време е да се донесе законот. Во меѓувреме има нови препораки за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на бројот на домашни гости, амандманите се изготвени од СДСМ да бидат составен дел на законот.“ – рече Зекири.
Зекири посочи дека има нови препораки од Комисијата за заразни болести и од Владата и СДСМ веќе ги изготвило амандманите со кои ќе се интервенира во законот и да станат составен дел на истиот закон. Тој изрази надеж дека нема да има повеќе потреба од тактизирање и дека измените на законот ќе бидат усвоени веќе следната недела.
Зекири посочи дека веќе има комисија за заразни болести и не гледа потреба за формирање на нова комисија како што предложи Милошоски. Таа комисија е стручна и Зекири има резерва само кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките.
„Комисијата не дава препораки за себе, туку за сите нас. Затоа е потребно е да се посветиме и секј да даде придонес за псречлување на шпирењето на болеста.не е време за забави и свадби. и многу помоќни земји не успеваат да се справат со болеста хери на денешницата се лекарите кои даваат се од себе. јас и Антонио бевме во инфективната клиника и видовме олку лекарите се посветени и даваат се од себе.“ рече Зекири.






