Митко Јанчев ќе протестира пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, го реакатуелизира барањето за смена на лидеерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Јанчев, претставувајќи се како претендент за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ,преку својот фејсбук-профил, повика на протест пред „белата палата“ во Скопје, што би се одржал в понеделник на пладне. Протестот, како што вели, е со цел да се повика на оставка на Мицкоски.
Барањето за оставка на Мицкоски и за одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ беше актуелно во текот на летото, откако ВМРО-ДПМНЕ освои помалку пртаенички места од колаицијата „Можеме“ на изборите на 15 јули, а лидеерот на опозициската партија не успеа да влезе ниту во преговори за формирање на новата влада.
И покрај најавеното повлекување доколку ги изгуби изборите и не успее да формира Влада, Мицкоски, набрзо по изборот на новиот кабинет на Зоран Заев, повика на протести, што во изминатиот период редовно ги организира опозициската партија, на различни теми.






