Пратеничката Славјанка Петровска позитивна на Ковид-19, симптоми добила на седница
Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска на Фејсбук објави дека е позитивна на Ковид-19:

Почитувани пријатели,
Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание.
Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска.
Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание.
Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи.
Чувајте се.






