Филипче: Затворена просторија со многу луѓе е висок ризик за пренесување на коронавирусот

Ризокот за пренесување на вирусот е значително висок во затворена просторија што не се проветрува и со голем број луѓе кои не носат маска, вели министерот за здравство Венко Филипче.
-Тоа, како што додава, не се работи кои што се непознати, тоа науката го знае одамна. Колку е подолг и физички поблизок контактот помеѓу некој заразен и потенцијално човек кој што би можел да се зарази, толку е поголем ризикот. И во таа смисла во затворена просторија која што не се проветрува доколку има голема концентрација и бројка на луѓе кои што не носат заштитна маска ризикот тука е исклучително висок.






