Мијалков оздраве, продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“

Eксдиректорот на сега згаснатата УБК Сашо Мијалков оздраве од ковид-19, и по околу две недели одложување на судските рочишта, попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ каде тој е меѓу обвинетите.






