Одземени пасошите на Лидија Димова и поранешниот надворешен соработник во Националната агенција

Кривичниот суд и ги одзеде двата пасоши на разрешената директорка на Националата агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, пренесе а1он.

Пасошот му е одземен и на второосомничениот во случајот кој го води Обвинителството, Александар Гочев. Двајцата имаат обврска за повремено јавување во судот и забрана за вршење на одредени работни дејствија. Ваква одлука за обезбедување на присуство, судот претходно донесе и за сопственикот на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски.

„Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, пишува во одлуката на Кривичниот суд.

…

повеќе

Back to top button
Close