Нуредини: Не постигнавме 50 отсто помало загадување, бидејќи треба да промениме многу во системот за загревање


-Треба да направиме многу контроли и проверки во индустријата. Една од клучните работи која всушност ја дознавме, за жал, поради ситуацијата со ковид-19, кога имавме полициски часови, всушност дознавме дека дефинитивно сообраќајот и транспортот значително придонесуваат кон загадувањето. Тоа значително се намали за време на полициските часови – рече Нуредини.
Тој вели дека не може да прогнозира кога точно ќе се исполни планот бидејќи треба да се преземат мерки од повеќе институции.
-Побаравме од Владата и од министерот за правда да го промени Законот за прекршоци и да ги исклучи казните за загадување на животната средина. Тоа всушност неодамна помина на Влада, поточно помина оваа недела, сега ќе оди во Парламентот и јас верувам дека сите во Парламентот ќе го поддржат законот, бидејќи кој и да загадува, за тоа треба да биде казнет и постојат одредени рамки во кои индустријата може да работи – рече Нуредини.






