175 нови случаи на ковид-19. Излечени се 18, а починаа пет лица

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19. – Скопје 131 – Куманово 24 – Штип 2 – Прилеп 2 – Тетово 5 – Струга 2 – Велес 4 – Охрид 1 – Гостивар 2 – Свети Николе 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти. – Скопје 12 – Штип 1 – Тетово 3 – Велес 2 Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

Back to top button
Close