(ВИДЕО) Градоначалникот на Прилеп: Mора да имаме карантин, последните 9 дена има 26 починати

Прилепскиот градоначалник и лекар, Илија Јованоски, ќе бара карнтин за Прилеп, поради големиот број на заразени со Ковид-19, но и поради големиот број на смртни случаи.

 

 

-Последните 9 дена има 26 починати, само вчера имаше шест починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница- изјави Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

Најголем број од пациентите, вели Јовановски, се заразуваат од еден процент на граѓани кои не носат маски.

Прочитајте и…  Конкуренција: Русија ќе наплаќа поевтино за „Спутник V” од вакцините на ривалските компании

-Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за Прилеп, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати, изјави Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close