Отворено писмо на двајца бугарски ексминистри: С. Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, но в година

Бојко Ноев и Ивајло Калфин во отвореното писмо истакнуваат дека во следните месеци владите во Софија и во Скопје треба да работат на политичко лидерство, што подразбира храброст и разбирање кое никој понатаму нема да може да го доведе во прашање

Политичката храброст и меѓусебно разбирање, кое нема да може да се доведе во прашање, се клучот за членството на Северна Македонија во ЕУ, а заложбите на германското претседателство со Советот на ЕУ за успешно продолжување на процесот на проширување се одлична основа за постигнување договор во првата половина на 2021 година за почеток на преговори за членство.

Извор: Фокус.нет

Ова е став на двајца поранешни министри на Бугарија, Бојко Ноев (министер за одбрана од 1994-1995 и 1999-2001) и Ивајло Калфин (министер за надворешни работи 2005-2009), кои го искажуваат во отворено писмо, посветено на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и бугарската позиција за проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан.

„Бугарија и Република Северна Македонија се на важен крстопат во нивната комуникација и нивната иднина зависи од насоката во која ќе се движат. Односите меѓу нашите земји, длабоко под влијание на заедничката историја, тешко е да се ослободат од противречностите, кои, како по правило, се воведуваат и се разгоруваат од надворешни фактори. Честопати, емоциите, неоправданите очекувања и меѓусебните разочарувања надвладеаја над здравиот разум и објективните интереси на граѓаните на двете земји. Обидот на РСМ да започне разговори за членство во ЕУ се соочи со нерешените билатерални прашања. Како членка на ЕУ, Бугарија има обврска да не дозволува такви прашања да бидат на агендата и на преговорите за членство и на идното заедничко постоење на двете земји во рамките на Унијата. Затоа Бугарија мора да гарантира и исполнување на оваа обврска и нејзин стратегиски интерес за пристапување на земјите од Западен Балкан, особено на РСМ во ЕУ“,

се вели во отвореното писмо на двајцата поранешни бугарски министри, кое го објавува агенцијата Фокус.

Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.

Back to top button
Close