Заев испрати сочувство до семејството на Малиќи: Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици

Премиерот на С.Македонија, Зоран Заев е уште еден во низата личности кои се простија се заменик градоначалникот на Градот Скопје, Енвер Малиќи.

Тој утринава почина како последица од Ковид 19, во болнички услови.

„Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“. Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Заев испрати и сочувство до неговото семејство во име на Владата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close