Марта Кос: Србија тешко ќе напредува кон ЕУ без санкции за Русија

Србија тешко ќе може да напредува на патот кон Европската Унија доколку не ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со европската, особено во однос на Русија и војната во Украина. Ова го порача европската комесарка за проширување Марта Кос.

Одговарајќи на прашањето дали Србија може да стане членка на ЕУ без да воведе санкции против Русија, Кос истакна дека таквото сценарио би било исклучително тешко.

„Земја што не се усогласува со нас за стратешките интереси, како што се надворешната и безбедносната политика и заедничкиот одговор кон Русија, особено во контекст на руската војна во Украина, нема да може да напредува. Тоа ќе биде многу, многу тешко“, изјави Кос.

Таа додаде дека Европската Унија сè уште не започнала разговори со новата влада на Србија. Според неа, прво треба да биде формирана владата, по што ќе се процени дали и како ќе продолжи соработката во оваа област.

Back to top button
Close