Од денеска времен сообраќаен режим на патот Кичево – Охрид кај Пресека – Песочан

Времениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз

Од денеска се воведува времен сообраќаен режим на автопатот Кичево – Охрид, во делот од Пресека до клучката Арбиново кај Песочан, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

 

Времениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз. Режимот ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

 

Од АМСМ велат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Back to top button
Close