Израел и исплати на Палестинската управа долг од над милијарда долари

 Израел исплати долг од над милијарда долари на палестинските власти, објави денеска на Твитер палестинскиот министер за цивилни работи Хусеин ал-Шеик, неколку недели по обновената соработка меѓу двете страни.

Како што е наведено, Владата на Израел исплатила сè што и должи на Палестинската управа, точно 3.768 милијарди шекели (1,15 милијарди долари/950 милиони евра), пренесува Бета.

Палестинскиот министер алудираше на даноците и давачките што ги собира еврејската држава во име на Палестинската управа. Тие пари не се платени од прекинувањето на соработката во мај.

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех изјави во понеделникот дека Палестинците имаат право на тие пари, со кои треба да се зајакне палестинската економија која се соочува со сериозна буџетска криза.

Палестинските власти мораа да ги намалат платите на јавните службеници затоа што беа лишени од трансферот на пари од даноци во време на економското забавување поради пандемијата на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close