ЕХФ го одложи мечот Вардар – ПСЖ поради коронавирус

 Натпреварот од ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар 1961 и ПСЖ што беше закажан за 10 декември во Скопје ќе се одигра во друг термин.

Пресметката меѓу македонскиот и францускиот првак е одложена, откако Вардар 1961 ја извести Европската ракометна федерација (ЕХФ) дека има позитивни ракометари на коронавирус во своите редови.

– Во нашата екипа се појавија новозаразени членови за што веднаш ја известивме ЕХФ и клубот со кого требаше да играме. Одлучено е средбата да се одложи и да се закаже во друг термин, соопшти македонскиот и актуелен европски првак Вардар 1961.

Back to top button
Close