Бајден: Се надевам дека Трамп ќе присуствува на мојата инаугурација

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден рече дека се надева оти Доналд Трамп ќе присуствува на неговата инаугурација на 20 јануари „за да им даде пример на другите нации каква е демократијата во САД“, но и да покаже мирно предавање на власта на политичкиот ривал.

Администрацијата на Трамп изрази скептицизам во врска со идејата сегашниот претседател на САД да биде на инаугурацијата на 20 јануари. Трамп и натаму вели дека „победил“, истакнувајќи дека станува збор за изборна кражба.

– Одлуката зависи од него. Нема лични последици за мене, но мислам дека е важно за државата да присуствува. Одбивањето да се признае поразот се случува во режими управувани од мали диктатори, рече Бајден. 

Back to top button
Close