Бангладеш ги сели Рохинџите на ненаселен остров

Властите во Бангладеш денеска започнаа со испраќање на првата група од над 1.500 бегалци Рохинџи на изолиран остров во Бенгалскиот залив, и покрај повиците на групите за човекови права да го запрат процесот.Според неименуван официјален претставник, 1.642 бегалци се качиле на седум бродови на морнарицата на Бангладеш во градот Читагонг на пат кон островот Басан Чар, на 34 километри од копното кое никогаш не било населено.

Објектите на островот се изградени за сместување на 100.000 луѓе, што е само дел од милион Рохинџи муслимани, кои избегаа од бранот насилни прогони во Мјанмар и во моментов живеат во пренатрупани бегалски кампови.

Back to top button
Close