Мешовитата комисија закочи на употребата на придавката „македонски“: Македонските експерти не ги потпишуваат записниците без тоа

Копретседателите на Комисијата Ѓоргиев и Димитров по дводневниот состанок објавија нула напредок поради една техничка и една суштинска точка

Не се постигнати нови заклучоци по дводневното заседавање на заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу С Македонија и Бугарија. Членовите на Комисијата заглавиле на една техничка пречка и една суштинска точка.

Како што информираа копретседавачите на Комисијата, Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев на прес- конференцијата, не е направен никаков напредок. Македонската страна одбила да ги потпише и записниците од деветтиот и десеттиот состанок (досега се одржани 11), бидејќи нивните бугарски колеги одбивале да се користи придавката – македонски.

„Резултатот од 11. средба е нула. Немаме направено ниту минијатурен чекор. Една од причините за тоа, иако изгледа техничка, сепак е политичка. Од 9-та средба наваму нашите колеги од македонската страна одбиваат да ги потпишат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави ‘македонски’, а тоа не е во согласност со востановената практика. Со одбивањето на потпишување на записниците се става под сомнеж нашата работа, бидејќи без документ за тоа што е дискутирано и какви одлуки се донесени на нашите средби ги прават работите несигурни“,ж рече копретседавачот на Комисијата, Ангел Димитров.

Копретседавачот Драги Ѓоргиев рече дека иако на средбите имало повеќеслојни дискусии, за жал, напредок нема. Тој додаде дека и во услови кога нема заклучоци од одредени состаноци, може да се толкува дека покажува нешто. Тој укажа на тоа дека поголемиот дел од средбите се дискутирало за записниците.

„Тука главен проблем е употребата на придавката ‘македонски’, бидејќи постои различно толкување на Преспанскиот договор. Употребата на придавката ‘македонски’ од страна бугарските колеги е лимитирана целосно, без оглед како е тоа запишано во Преспанскиот договор и како тоа се толкува од наша страна. Бугарските колеги тоа почнаа го практикуваат по 6. средба, иако ние не бевме информирани, ниту бевме консултирани“, рече Ѓоргиев и додаде дека за воа не било информирано ниту македонското Министерство за надворешни работи.

Ѓоргиев тука појасни дека се работи за ситуации каде требало да се употреби макеоднска културна традиција, макеоднска истоорја, јазик, народ.

И цар Самоил на масата

Копретседавачот Димитров додаде дека бугарската страна има забелешки околу 14 точки, а сега се на 4. точка која е поврзана со цар Самоил и заврши без договор. Според Ѓоргиев пак, за цар Самоил, главниот проблем е што бугарските колеги инсистираат во учебнците да влезе само нивната перспектива, а се избегнува внесување на мултиперспективноста во однос на оваа историска личност, на што инсистираат македонските експерти.

„За жал и тука не постигнавме согласност. Главниот проблем е во тоа што, според мене, се избегнува внесување мултиперспективност во учебниците по историја. Идејата да се наметне само едно видување, резултираше со непостигнување резултати за оваа забелешка на бугарските колеги. Беа разменети неколку предлози и варијанти на препораката за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно спротиставени ставови за тоа како треба да изгледаат идните учебници“, рече Ѓоргиев.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали досега до владите се испратени некакви препораки, Ѓоргиев рече дека тоа е направено за бугарските учебници за петти и шести клас и за учебникот за шесто одделение во македонското образование за кои е постигната согласност за спорните делови.

Димитров пак, напредокот го лоцираше според историски периоди и рече дека тој е минорен и само во однос на праисторијата и антиката, додека допрва следуваат покомлицираните периоди како среднвековието, османлискиот период и помодерната епоха. На ова реагираше Жоргиев кој рече дека попрецизно е напредокот да се лоцира преку учебницие, бидејќи во различни учебници тие периоди не се совпаѓаат.

Обајцата копретседатели најавија дека во следните денови ќе се состанат повторно, но во помал состав за да се лоцира проблемот и да се најде излез од оваа, како што ја нарече Димитров, непријатна ситуација за двете страни, за да се покаже дека сериозно се посветени на нивната работа.

Back to top button
Close