Заев: Извесно е дека Бугарија ќе стави вето. Треба да бараме решение после изборите

Премиерот Зоран Заев во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека е извесно дека до крајот на годината Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ.

-Имаме уште малку време и простор, меѓутоа извесно е дека Бугарија месецов пак ќе стави вето. Мислам дека треба да почекаме да им поминат изборите во март, да размислуваат со трезвена глава. Да го немаат тој притисок од избори. На пролет да се решава прашањето, смета Заев.

Тој најави свикување лидерска средба откако ќе разврши ова поглавје од преговорите со Бугарија

-Веднаш штом завршат преговорите со Бугарија, ова поглавје на разговори, успешно или неуспешно, јас ќе свикам лидерска средба. Никаде во Европа не се прават лидерски средби во ек на разговори, вели Заев.

Back to top button
Close