Уште еден српски митрополит заразен со коронавирусот
Митрополитот Хризостом, кој по смртта на патријархот Иринеј претседава со Синодот на СПЦ е примен во болница поради инфекција со коронавирусот. Од Ковид-19, покрај патријархот Иринеј, почина и митрополитот Амфилохие.
Српската православна црква (СПЦ) во соопштение наведе дека митрополитот дабробосански Хризостом е примерн во КБЦ „Др. Драгиша Мишовиќ“ во Белград по позитивниот тест на Ковид-19.
Хризостом до изборот на нов патријарх го наследи Иринеј кој на 20 ноември почина од последиците на заразувањето со вирусот.
Во соопштението на СПЦ не се наведуваат детали за здравствената состојба на Хризостом, кој во петокот служел литургија во Пеќката патријаршија на Косово, тронот на српските патријарси.
Митрополитот воминатиот месец го предводеше одбредот за покојниот Иринеј во Белград.
Претходно партијархот Иринеј ја водеше литургијата на погребот на митрополитот црногорски-поморски Амфилохие, кој исто така, почина поради последици од коронавирусот.
извор: ДВ