Приведен крадец, расчистени три кривични дела

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба денеска привеле малолетник од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, со лицето е извршен разговор, при што се расчистени три кривични дела „тешка кражба“ извршени на 8 септември 2020 во продажен објект, при што се одземени повеќе разновидни производи, на 9 септември 2020 во продажен објект, при што се одземени парични средства и на 18 ноември 2020 во викенд куќа во населба Дрма, при што се одземени разни предмети.

Од МВР додаваат дека по комплетирање на службениот материјал и негово документирање, против него ќе следи соодветна пријава.

Back to top button
Close